Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2013, изнесува 21. 108 денари.

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, изнесува 102.2. Зголемувањето се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање , Информации и комуникации и Градежништво.

Во јуни 2013 година, 2.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

OhridNews