Работниците со над 25 години работен стаж со нерегулиран статус, стечајни работници, технолошки вишок и загубарти денеска ќе протестираат пред зградата на Владата во Скопје.
Стечајците не се задоволни од како што велат игнорантскиот однос на Владата кон нив.Тие бараат решавање на нивниот статус до пензионирање или идно вработување, како и минимален месечен надоместок со кој би можеле да ги плаќаат давачките кон државата. “Државата има време со недели да расправа за празници, а нема време да го реши проблемот на стечајците“, вели престедателот на Здружението на работници со над 25 години работен стаж со нерешен статус, стечајни работници, загубари и технолошки вишок од Охрид, Иван Николоски.
Подршака на стечајците им изрази Сојузот на синдикатите на Македонија -ССМ. Власта ги заборави стечајните работници, изјави вчера во Охрид претседателот на ССМ, Ванчо Муратовски. “Ниедна досегашна влада не беше чесна кон нив. Партиите додека беа во опозиција зборуваа дека ќе им го решат прашањето за кога ќе дојдат на власт да го заборават тоа“, рече Муратоски. Тој напомена дека раководството на стечајците се одалечило од ССМ, но дека синдикатот и натаму ќе ги подржи сите напори за решавање на статусот на оваа категорија работници.
И покрај редовните акции за подигнување кабаст и зелен отпад и апелите и известувањата со кои редовно и транспарентно се информираат граѓаните за начинот како да постапат кога имаат потреба за депо...
Од ноќеска на полноќ дизелот поевтинува за два, додека цената на бензините се зголемува за 3,5 денари одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика Согласно одлуката дизелот ќе се продава по це...
Општина Охрид ги известува сите правни и физички лица кои имаат добиено средства за финансирање на програми и проекти од Одделението за култура на Општина Охрид за 2026 година, дека се должни да до...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.