Силни критики за работата на актуелната власт на сите полиња искаа лидерот на опозоциската ВМРО ДПМНЕ на синоќешниот протестен марш што се одржа прд седиштето на владата во Скопје. Оваа влада нема економски резултати, владее незаконски, со сила и потчинето судство и сака против волјата на народот да го промени името на државата, рече Мицкоски, најавувајќи дека некој ќе треба да сноси одговороност за тоа што и се случува на земјата сега.

Овде сме затоа што сакаме да се бориме, затоа што сакаме во оваа борба во оваа битка да победиме. Ние сме генерација која што мора повторно да победи. Затоа што оваа генерација, мора да победи и да ја освојува слободата која што во овој момент ни е потребна. Да го поразиме Кацарска судството, да го поразиме Рускоска обвинителството. Да го поразиме овој искомплексиран министер што ја нарече нашата македонска нација искомплексирана. Да ги поразиме овие луѓе кои што не направија да ја веднеме главата и да ја веднеме кичмата. Да ги поразиме луѓето кои што направија црна економија. Да ги поразиме луѓето кои што во здравството не донесоа ниту една реформа, туку го распродадоа она кое што им го оставивме. Сите црни политики да ги поразиме. Ние сме таа генерација која што мора тоа да го направи. Затоа што друг избор немаме. Мора да сме овде на плоштадите, на улиците, во штабовите, насекаде и да се бориме за нашата слобода. – рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ најави дека протестите ќе продолжат низ Скопје и другите градови.

OhridNews