Опозициската ВМРО ДПМНЕ, попладнево во Охрид одржа авто протест против, како што беше истакнато, неодговорното раководење со институциите, поскапувањето на струјата, неправдата, реваншизмот и политичкото насилство на власта.
Народот во Македонија е соочен со драстичен пад на стандардот поради поскапувањето на струјата од 7,4% што го испорача мафијата на власт преку одлуката донесена од Регулаторна комисија за енергетика. За жал Македонија плаќа најскапа цена на струја во Европа споредено со примањата коишто ги имаат македонските граѓани. Извештајот на Европската Комисија го потврди истото што го зборувавме и претходно дека имаме партизирана Регулаторна комисија за енергетика. – рече воп изјава за медиумите пратеникот и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков

Тој ги повтори барањата на ВМРО ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ има три барања и тоа: да се врати старата цена на струјата, да се спречи осиромашувањето на граѓаните, Марко Бислимовски и членовите на РКЕ да бидат сменети и на нивно место да се изберат експерти кои ќе го штитат интересот на народот.
СДСМ и Заев удираат по џебот на граѓаните за да ги покријат дупките од неспособноста и неодговорноста на мафијата на власт, додаде Пецаков, најавувајќи дека проитетсите ќе продолжат за да се чуе гласот на незадоволните граѓани.
OhridNews















