Жителите на општина Дебрца денеска ќе одржат мирен протест кај Ново Село, против изградбата на асфалтна и бетонска база и сепарација во местото викано Царополе, најави здружението на граѓани „Песочан“.
Во дописот до медиумите се наведува дека на протестот ќе биде побарано од надлежните институции да ги преземат сите потребни мерки за зачувувања на животната средина.
Доколку градежните активности продолжат, месното население најавува дека ќе почне со порадикални мерки, односно блокирање на патниот правец Охрид-Кичево.
OhridNews












