Во Битола во тек е протестен марш на ВМРО ДПМНЕ каде членови и симпатизери на партијата и други граѓани го изразуваат своето незадоволство, како што велат, од лошите внатрешни и надворешни политики кои ги води актуелната влада на чело со премиерот Зоран Заев.

Една од основните причини за денешниот марш е договорот за промена на името помеѓу Македонија и Грција, кој беше потпишан утрово од страна на министрите за надворешни работи на двете земји.

Демонстрантите извикуваат дека не го даваат името, пеат патриотски песни, а некои од нив носат транспаренти со крст што симулира дека ја погребуваат Северна Македонија. Пред присутните се обрати претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Протести против договорот се одржаа и во Грција. Вчера во Атина, а денес во околината на селото Псарадес каде што се потпишуваше договорот.

Полицајците пуштија солзавец за да спречат дел  од демонстрантите да влезат во т.н „безбедносен прстен“ и да стигнат до селото Псарадес. Демонстрантите почнаа да фрлаат разни предмети кон полицајците кои возвратија со созавец.

OhridNews