Граѓани на Охрид вечерва повторно излегоа на протестен марш против платформата на партиите на Албанците која, како што беше речено, предвидува воведување двојазичност на цела територија на државата, што според нив е вовед во федерализација и редефинирање на државата.

– Мила и наша Македонијо, еве и денеска од нашиот драг Охрид, каде творам и пеаам, се собравме да повториме по не знам кој пат дека се залагаме за заедничка Македонија, за унитарна Македонија, да живееме заеднички со сите етнички заедници и апелираме до стите релевантни фактори слушајте го гласот на народот, народот е тука, народот сака заедничка Македонија, сака унитарна Македонија, без промена на Устав, без кантонизација и сите тие услови кои ги бараат во тој тирански договор. – рече естрадниот уметник Петар Нечовски од движењето „За заедничка Македонија“.

OhridNews