Во организација на движењето „За Заедничка Македонија“, денеска се одржа уште еден протестен марш во Охрид.
Вообичаено протестот започна од плоштадот кај поранешен мини маркет, по што учесниците продефилираа по улицата „Димитар Влахов“, булеварот “Македонски Просветители“, од каде низ чаршијата се упатија на градскиот плоштад каде имаше обраќања на активисти на движењето „За Заедничка Македонија“.
Движењето „За Заедничка Македонија“ се противи на платформата на политичките партии на Албанците со која, според нив, се предвидува воведување двојазичност на територијата на целата држава и други законски измени кои го загрозуваат унитарниот карактер на државата и претставуваат вовед во федерализација на земјата.
Протести денеска има во повеќе градови.
OhridNews













