Амбасадорката на Северна Македонија во Софија, Агнеса Руси-Поповска, ќе биде повикана денеска во Министерството за надворешни работи, каде што ќе и биде врачен остар демарш по повод нападот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, јави дописникот на МИА од Софија.

Уште синоќа бугарските дипломати детално го информирале раководството на Европската комисија за тешкиот инцидент во Охрид.

Инаку, при увидот од страна на полициски екипи при СВР Охрид вчеравечер било утврдено дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје.

Ова е трет напад на бугарски клуб во Охрид од неговото отворање минатиот месец.

OhridNews