Македонската репрезентација во фудбал на 15 ноември оваа година во Прилеп ќе одигра пријателска средба со соодветната репрезентација на Албанија. “Црвено-жолтите“ лани во овој период од годината во Корча исто така спарингуваа со Албанија натпреварот заврши без победник 0-0.


Натпреварот со западниот сосед ќе ги означи подготовките на Македонија и новиот селектор Џон Тошак за СП во Бразил 2014 година. “Црвено-жолтите“ во квалификациите за СП се наоѓаат во групата A со Хрватска, Србија, Белгија, Шкотска и Велс.

ohridnews