Во Велестово, охридско, отворена е прва пилот фарма за одгледување на домашни магариња, каде на 9ти јуни ќе се одржи работилница на тема „Начини на одгледување и карактеристики на домашното магаре“.
На работилницата презентации ќе имаат проф. д-р Ѓоко Буневски, од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје и м-р Зоран Салтамарски, проектен координатор, како и Роберт Шиникоски, од с.Велестово, Охрид, каде е формирана и првата фарма со матично стадо од домашни магариња во Македонија.
Работилницата ја оргабизира здружението на граѓани „ЗГ БУША – Скопје“, како имплементатор на проектот Заштита на домашното магаре, финансиски подржан од ГЕФ Македонија, Програмата за мали грантови за 2017 год.
OhridNews












