Без голови и без победник заврши дерби пресметка на Градскиот стадион во Струга помеѓу составот на Струга Трим Лум и Академија Пандев во рамките од 6-та рунда во Првата македонска фудбалска лига.

Кога се` ќе се сумира и стави на вага поделбата на бодовите со чисти мрежи во Струга е најреален исход. „Црвено белите“, ја продолжија серијата без пораз на домашен терен, додека Академија Пандев го задржа водечкото место на табелата.

Првото полувреме помина во знакот на домаќините. Избраниците на Јетон Беќири имаа повеќе од играта и свои прилики за погодок. Најблиску до затресеување на мрежата беше капитенот Фљамур Таири кој биеше од далечина, но гостинскиот голман Чубракобиќ беше на висина на задача и ја одби топката во корнер.

Вториот дел им припадна на гостите. Струмачини доминираа и имаа иницијатива, но не успеаја да го загрозат голот на Ѓуриќ. Во прилог на гостите отиде и црвениот картон на Ермин Анруши. Дефанзивецот поцрвена во 78-та минута поради невнимателен старт. Гостите не ја искористија бројчаната предност и мечот заврши со поделба на бодовите.

Во следната седмата рунда, Струга Трим Лум гостува во Тетово кај шампионот Шкендија а Академија Пандев на домашен го пречекува тимот на Шкупи.

Резултати: Работнички – Македонија ЃП 1-0, Ренова – Шкендија 0-2, Шкупи – Вардар 1-2, Силекс – Борец 3-0, Струга Трим Лум – Академија Пандев 0-0

Табела: Академија Пандев 14, Вардар 13, Македонија ЃП 11, Шкупи 8, Струга ТЛ 8, Шкендија 7, Ренова 7, Силекс 6, Работнички 6, Борец 4.

OhridNews