Николче Здравески не е повеќе тренер на прилепскиот прволигаш 11 Октомври. Здравески кој со тимот на “првобранителите“ лани успеа да обезбеди пласман во Првата лига, оваа сезона во првите четири рунди претпре исто толку порази и без постигнат гол е закован на дното на табелата.


Со тимот до изнаоѓање на нов шеф на стучниот штаб ќе работи првиот тренер Трајче Илиоски кој ќе ја предводи екипата во петтото коло против Тетекс на домашен терен.

Костов се врати на клупата на Ренова

Влатко Костов се врати на клупата на тетовскиот лигаш Ренова. Поранешниот помошник на селекторот на македонската фудбалска репрезентација со Ренова се закити со шампионска титула во сезоната 2009/10 година.


Клупата на Ренова пред почетокот на првенството ја напушти Билбил Соколи, а по четири одиграни кола се наоѓаат на седмото место. “Гипсарите“ во петтото коло на домашен терен ќе играат против актуелниот шампион Шкендија.

М.П.