Само три натпревари се играат денеска во рамките на петтата рунда од Првата македонска фудбалска лига.


На СРЦ “Атина Бојаџи“ Охрид го пречекува Вардар, во Кичево, Напредок ќе игра против Металург, додека во Кратово, Силекс ќе му се спротистави на Брегалница.

Сите натпревари започнуват во 16.30 минути.

Утре се игра мечот Ренова – Шкендија, додека колото ќе биде затворено во вторник со мечевите 11 Октомври – Тетекс и Работнички – Турново.

Ohridnews