Дербито на колото во првата македонска фудбалска лига помеѓу Вардар и Шкендија му припадна на избраниците на Ѓорѓиоски совладувајќи го бранителот на трофејот со 2-0. Стрелци на погодоците за “комитите“ беа бразилецот Лико во 58-та минута додека конечниот резултат го постави Иваноски во 83-та минута.


Охриѓанецот во дресот на Напредок, Маркоски со погодок се врати по паузата поради црвениот  картон заработен во дуелот со 11 Октомври, за да не биде се така “розово“ Маркоски се погрижи повторно заработувајќи два жолти картони што автоматски значи црвен картон. Кичевчани со убедливи 4-0 го совладаа Тетекс освен Маркоски мрежата на “штофарите“ ја тресеа Степаноски,  Зекири и Глишиќ.


Деветтото коло ќе се комплетира со дуелот ФК Охрид 2004 – 11 Октомври кој ќе се одигра на “Атина Бојаџи“ со почеток во 15 часот.

Резултати: Напредок – Тетекс 4-0, Вардар – Шкендија 2-0, Силекс – Турново 3-2, Ренова – Работнички 3-1, Брегалница – Металург 1-1.

Табела:

есто   екипа К П Н И Г.р Б
1 up (2) Вардар

9 7 2 0 12:3 23
2 down (1) Металург

9 6 3 0 14:2 21
3 same (3) Шкeндијa

9 6 0 3 17:8 18
4 same (4) Рaбoтнички

9 4 3 2 15:10 15
5 same (5) Нaпрeдoк

9 5 0 4 9:12 15
6 up (7) Ренова

9 3 3 3 10:7 12
7 up (10) Силекс

9 3 1 5 10:17 10
8 down (6) Тетекс

9 2 4 3 7:14 10
9 down (8) Хоризонт Турново

9 2 2 5 7:11 8
10 down (9) Охрид 2004

8 2 2 4 6:11 8
11 same (11) Брегалница 2008

9 1 2 6 9:14 5
12 same (12) 11 Октомври

8 1 0 7 6:13 3


Мх.П.