Дерби мечот од Првата македонска фудбалска лига меѓу Вардар и Шкендија ќе се одигра во пладневен термин од 13 часот. Вака одлучи комесарот за  натпревари на барање на двата клуб пред се поради безбедносни причини поради најавата за гостување на навивачи на Шкендија на мечот на “Филип II“.


Прекинатиот првенствен натпревар од 8 коло на Првата МФЛ помеѓу Ф.К. “11 Октомври” – Прилеп и Ф.К. “Ренова” – Џепчиште се регистрира со службен резултат од 0 : 3. Ф.К. “11 Октомври” – Прилеп се предава на дисциплинскиот комесар поради предизвикување прекин на горенаведениот натпревар.

Ohridnews