Министерот за образование Арбер Адеми, информира дека постои можност невакцинираните првачиња да се примат во училиште, а потоа ќе можат да се вакцинираат. Оваа изјава следува по изјавата на министерот за здравство дека нема упис на првоодделенците без имунитет, како и одлуката на владата дека нема да бидат запишани децата кои нема да покажат документ за примена вакцина против заразните сипаници.

Усогласување на ставовите се очекува на некоја од наредните седници на владата, а во меѓувреме течат уписите во училиштата.