Голем број охриѓани и туристи вчера го посетија новоизградениот мост на желби кој ја спојува населбата Канео со центарот на градот.


Посетителите од она што можевме да го чуеме се воодушевени од идејата, која како што рекоа требало да се реализира многу одамна.


Паднаа и првите желби. Посетителите застануваа крај својот хороскопски знак и фрлаа паричка во езерските води за да им се исполни замислената желба.


Мостот на желбите „запеа“

Се разбира мостот на желбите има и мани. На табличките на кои на англиски јазик е опишано фрлањето на паричка за исполнување желба, наместо знак „sign“, пишува „sing“ – пее. Очигледната грешка паѓа во очи на посетителите па не е лошо таа што поскоро да биде исправена.



Мостот на желбите „запеа“

Ohridnews