Младински Совет Охрид, во соработка со Центарот за култура „ Григор Прличев“ и локалната самоуправа, а како дел од соработката на Охрид и Каен организираше концерт на  Barouf оркестарот, составен од студенти од Конзерваториумот од Каен, Долна Нормандија. На концертот беа отсвирени балкански народни песни, кои оркестарот ги изведе и во Франција, со цел да се промовира ваквиот вид на музика, како и да се поттикнува културна размена.

Присутните на концертот имаа можност да слушнат и неколку авторски композиции на Емануел Еро кој ја води групата, а кој инспириран од балканската музика, напишал повеќе оригинални композиции.

Концертот со воодушевување беше проследен од публиката, која во повеќе наврати со аплаузи го награди оркестарот.

Гостите од Каен имаа прилика да ги посетат и најзначајните културно историски споменици во Охрид, да се прошетаат со кајче низ Охридското езеро, како и да ја вкусат традиционалната македонска храна.

OhridNews