Во катедралната црква „Света Софија“, вчеравечер, се одржа традиционалниот годишен концерт на учениците од Основното музичко училиште „Методи Патчев“ од Охрид.

Пред бројната публика се претставија младите музички таленти од училиштето, наградените ученици на државните и меѓународни натпревари, како и првенците од сите класи на инструментите, пијано, виолина, гитара, флејта, хармоника, кларинет и виолончело.

Со неколку музички точки се претстави и училишниот хор и оркестар.

OhridNews