Едно лице почина при пукање во ресторан во центарот на Виена, јави австриската радио-телевизија ОРФ на „Твитер“. Уште едно лице е повредено, пренесе „Ројтерс“.

Засега не е познато кои се мотивите и кој стои зад пукањето. Во тек се полициска акција и потера по напаѓачите.