На денешната прес конференција Јордан Пуроски од ВМРО ДПМНЕ изнесе обвинувања упатени кон директорот на ЈП „Охридски Комуналец“.

Според него, директорот на јавното претпријатие, неколкукратно ги зголемил своите расходи за репрезентација и дека покрај останатите трошоци како рекламен материјал, најголеми се трошоците направени по хотелите и рестораните.

  • Дали директорот Грданоски чувствува одговорност каде и како ги троши парите на граѓаните? Со тие пари зарем немаше да се реши проблемот со стационарот и бездомните кучиња во градот? Го охрабруваме да им објасни на охриѓани колку потрошил за угостителски услуги за 2018 година? Бројките зборуваат дека од 57 илјади денари во 2017 година, расходите за репрезентација се зголемиле на 230 илјади денари во 2018. Додека трошоците за репрезентација се зголемени за четирипати повеќе отколку во 2017 година никнуваат диви депонии на секој чекор, а контејнерите низ градот се преполни со ѓубре, рече Пуроски.

Пуроски дополнително обвини и дека во текот на сезоната не е решен проблемот со палењето на депонија Буково и дека и понатаму се одлага отпад на депонијата на Мауцкер.