Од денес, Охрид и охриѓани добиваат современа и безбедна сообраќајница, а жителите на овој дел од градот подобри комунални услови, истакна градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, на денешното пуштање во употреба на реконструираната улица “Абас Емин”. Градежните активности од проектот беа започнати во еден кризен период, исполнет со многу неизвеснот поради светската пандемија. Но, и покрај се овозможивме континуирана работа на терен, додаде Георгиески.

Во рамки на првиот дел од проектот беше извршено поставување на нови главни линии од фекалната, атмосферската и водоводната мрежа. Се вршеше ископ во длабочина од 3,5 метри и ширина од 2 метри. Од страна на општинските јавни претпријатија беше извршено поединечно преприклучување на сите домаќинства на улицата на новите мрежи. Реконструкцијата на целокупната подземна инфраструктура се реазлизираше со поддршка на Министерството за транспорт и врски и со средства од Европската инвестициска банка, истакна Георгиески.

Градежните активности во вториот дел од проектот опфатија комплетна рехабилитација на коловозната лента со високо квалитетно тампонирање на подлогата и поставување на два слоја асфалт. Беа реконструирани пешачките патеки од двете страни на улицата извршено е нивелирање на шахтите и поставена е нова сообрачајна сигнализација. Овие активности се реализираа со средства од буџетот на општина Охрид. Должината на улица е 1100 метри, а вкупната вредност на инвестицијата е 40 милиони денари, посочи Георгиески.

Наскоро започнува реконструкција на улицата „Македонски просветители“ на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до кружниот тек на Плоштадот. Оваа важна инвестиција општина Охрид ќе ја реализира како дел од проектот за поврзување на локални патишта имплементиран од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска банка најави Георгиески.

Се работи за модерно сообраќајно решение кое предвидува две одвоени коловозни ленти, со тротоари од двете страни, велосипедска патека, атмосферска канализација и ново улично осветлување. Вкупната вредност на проектот е 44.178.794 денари. Општина Охрид, преку Министерството за транспорт и врски има распределено средства за локални улици и патишта околу 60 милиони денари, од кои 38 милиони денари ќе бидат наменети за улица „Македонски просветители“ , истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Охрид е значаен регионален туристички центар и затоа Владата реализира голем дел на капитални проекти со цел да привлечеме што повеќе домашни и странски туристи, но и приоритет сепак да биде подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните на општина Охрид. Преку Минстерството за транспорт и врски реализирани се инфраструктурни проекти во делот на патната и комуналната  инфраструктура со што овозможивме подобрување на урбаното живеење, подобрување на условите за живот, и предуслови за посилен економски раст и развој на гардот, додаде Бочварски.

Општина Охрид наскоро ќе започне и со реконструкција на улиците „Прилепска“, „Будва“, „1ва Македонска бригада“ делница 2 и улицата „Гоце Делчев“.

Н.С.Ј.

фото: А.Момироска