Јавното претпријатие „Охридски Комуналец” ги пушти во употреба првите три подземни контејнери во општината, лоцирани кај паркот во централното градско подрачје.
– Контејнерите се со капацитет од 3 метри кубни и ќе овозможат осовременување на системот за складирање, селектирање и подигање на комуналниот отпад, како и поголема комунална хигиена особено во летниот период кога има поголема фреквенција на движење и се генерираат поголеми количини на отпад, потенцираат од јавното претпријатие.
Граѓаните кои ги користат овие контејнери треба да го селектираат отпадот. Во нив треба да се депонира само комунален отпад, додека хартијата треба да се депонира во посебната решетка која се наоѓа надвор, а исто така има и два надворешни контејнери, наменски поставени за депонирање на стакло и пластика.
OhridNews












