Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ во соработка со Државна Изборна Комисија, во рамки на проектот „Зголемување на учеството на лицата со попреченост во изборниот процес“, на 27 Април 2018 година во 11 часот, во општинската сала во Охрид ќе оддржи регионална работилница за Општинските Изборни Комисии од Охрид, Струга, Кичево, Македонски Брод, Пласница, Дебарца и Вевчани.

Работилницата е со тема: „Комуникација и пристап кон лицата со попреченост“. Сесиите се состојат од  интерактивни презентации, насоки и примери за ефикасен пристап и комуникација со лица со различен вид на попреченост, наодите од истражувањето за Учество на лицата со попреченост во изборниот процес во РМ и насоки за организирање на пристапни избори (едукација, материјали и информирање).

OhridNews