Македонските преставници, во второто според ранг квалитативно натпреварување во фудбалска Европа, Работнички и Ренова, денеска ќе ги започнат квалификациите преку кои ќе се обидат да изборат пласман во фазата по групи во Лига Европа.


Ренова во првата квалификациска рунда за противник го има ирскиот полупрофесионален тим Гленторан од Белфаст. Првиот натпревар Ренова ќе го одигра како домаќин на „Филип Втори“, во мечот кој започнува во 20:30 часот се освен победа на Ренова ќе биде провокласна сензација.

За разлика од Ренова, Работнички на првиот натпревар ќе му гостува на естонскиот преставник Транс Нарва, мечот ќе стартува во 17:30 часот.

“Макфакс“
Ohridnews