Раководството и играчите на Работнички посакуваат достојно простување од Лигата на Европа, по можност да се оствари добар резултат, а ако е можно и победа, беше истакнато на денешната прес конференција.


„Со тоа што го постигнаа во натпреварите од Лигата на Европа и пласманот во оваа рунда, без оглед на високиот пораз во Рим, не можеме да им забележиме на фудбалерите. Повикувам гледачите да дојдат во што поголем број на утрешниот натпревар кој започнува во 20,45 часот. Во функција ќе бидат сите четири трибини, а влезовите ќе бидат отворени два часа порано“, изјави маркетинг менаџерот на Работнички Ненад Манев, кој го заменуваше спортскиот директор Игор Ангеловски кој што во овие моменти е во Удине околу утврдување на деталите во врска со преминот на голманот Столе Димитриевски во Удинезе.


„Верувавме со играчите во добар резултат на Олимпико, и тоа го остварувавме на почетокот на мечот. Но, примениот гол ја наруши нашата игра, а и тремата имаше удел во конечниот резултат. Во реваншот одбраната ќе се комплетира со двајцата отсутни штопери на првиот меч. Ќе играме офанзивно, па ги повикувам гледачите да дојдат да ја видат играта што ќе ја прикажат нашите момци“, изјави шефот на стручниот штаб Горан Петрески.

Натпреварот се игра во 20.45 минута со директен пренос на Канал 5 телевизија.

“извор Макфакс“
Ohridnews