Утре, со почеток во 20 часот во големата сала на општина Охрид, ќе се оддржи основачкото собрание на Акцијашкиот клуб  ,,Брег на младоста,, .

Како што потенцираат од клубот, целта е да се врати акцијаштвото меѓу младите со волонтеристички дух и тие повторно да учествуваат во создавањето на капитални објекти и при тоа меѓусебно да се дружат. Идејата е првично да се отвори меѓународен камп во кој би имало голем број млади од Балканот и Европа.

– Имаме прекрасна младина, од која голем дел во текот на последните години се навлекува на насилство, криминал, пороци. Со учеството во работните акции би се овозможило младите да ја насочат својата енергија во позитивен правец и да остават белег на својата младост, велат од клубот Брег на младоста.

Работните акции во Охрид се реализирале до девесеттите години. Со нив биле изградени многу капитални проекти, меѓу кои водоводот и патот Охрид- Ресен.

OhridNews