Ракометниот клуб Охрид е нов лидер на табелата во Супер лигата. „Гладијаторите“ на врвот се искачија после убедливата победа против Работнички во Скопје 37-27 во 11-та рунда од македонската ракометна елита. Охридските ракометари на водечката позиција ќе се задржат најмалку до среда кога Металург го игра заостанатиот меч со Вардар Јуниор.

Пристапот и влегувањето во мечот ни донесе убедлива и пред се заслужена победа. Момците, почнаа добро и во текот на целиот натпревар го контролираа резултатот. При ротацијата имавме мали осцилации но и тоа ќе го поправиме. Сите ракометари добија прилика и максимално ја искористија. Имаме ден одмор и потоа комплетно се насочуваме кон Пелистер. – изјави тренерот на Охрид, Раде Стојановиќ.

Сениорите со триумфот во Скопје го заокружија перфектниот викенд за охридскиот ракометен клуб. Вчера во дербито од младинската лига Охрид со 35-30 го совлада Вардар Јуниор и го задржа максималниот ефект после четири одиграни натпревари.

OhridNews

Работнички лесен залак, рутински триумф на „гладијаторите“ во Скопје (видео)

Наум Костов незадржлив, Охрид победи во дербито со Вардар