Реал Мадрид преку лутиот ривал Барселона обезбеди пласман во финалето од Копа дел Реј. “Лос бланкос“ триумфираа 3-1, а најзаслужен за победата беше Кристијано Роналдо со два погодоци. Капитенот на “мадристите“ Серхио Рамос го величеше Португалецот и неговата игра на “Ел Класико“.


– Кристијано Роналдо е најдобар фудбалер на светот. Тој секогаш се воздигнува високо кога на екипата и е потребен некој клучен погодок. Барселона не одигра толку лошо, напротив ние се припремавме долго за овој натпревар и неможеше ништо да не изненади –
потенцираше Рамос.

Во отсуство на првиот капитен Икер Касиљас, улогата за предводник на “кралевите“ Мурињо му ја даде на Рамос, која во целост ја оправда на Ноу Камп.

Мх.П.