Нов „Ramstore Express“ маркет доби Охрид. Со овој трет по ред маркет во Охрид се зголеми ланецот на маркети, но и се отворија 12 директни нови вработувања. На свеченоста по повод отворањето на кое присуствуваа Ајдоган Адемоски, сопственик на „Ramstore“, Даниела Адемоска сопственик и генерален директор на „Ramstore“, турскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизќок, како и претставници од Oпштина Охрид, новиот маркет ги отвори вратите за своите ценети потрошувачи. Големиот број на промоции, продажни акции, подароци и гратис производи кои го одбележаа отвoрањето на овој маркет, ќе траат до 19.12.2021.

„Ramstore“ како бренд е многу позитивно прифатен во Охрид, затоа и одлучивме да инвестираме и во трет маркет. Двата маркети „Ramstore Express“ концепт и „Ramstore“ концепт“ многу добро функционираат во Охрид и сметаме дека охриѓани го сфаќаат концептот на „Ramstore“. Ова е 30-тиот маркет на „Ramstore“, вели Џеладин Џули, директор за развој на инвестиции и директор на трговски центар „Ramstore“.

Новиот модерно дизајниран „Ramstore Express“ маркет е лоциран на улицата „Туристичка“ бр.42 А и истиот се простира на продажна површина од 200м2, а располага со дополнителен магацински простор од 100 м2. Потрошувачите имаат на располагање 2 наплатни каси. Во новоотворениот маркет  на потрошувачите ќе им бидат понудени во секое време свежо овошје и зеленчук, пакувано месо како и повеќе од 3000 производи достапни 365 дена во годината. Маркетот ќе работи седум дена во неделата, од 08:00 до 22:00 часот.

Џули вели дека „Ramstore“ се разликува од конкуренцијата според квалитетот, квалитетената услуга и според асортиманот што го нуди,  додавајќи дека „хард дискаунт“ маркетите се во подем во последно време, но смета дека на подолг рок концептот на супермаркет каде што услугата и асортиманот на производите се на преден план е успешен концепт во малопродажбата.

Во „Ramstore Express“ ветуваме брзо пазарење, позитивно шопинг искуство и погодни производи за секојдневно купување. Со отворањето на новиот маркет се отворија 12 дирекни нови вработувања во Охрид и дополнителни 3-4. Секако дека за време на летната сезона работиме подобро, но и двата досегашни отворени маркети функционираат одлично преку целата година. Пред се како поволност што им ја нудиме на потрошувачите е Рамстор Клуб картичката со која се добиваат сите бенефиции од промоциите. Охриѓани во споредба процентуално со другите маркети низ државата ја користат истата во голем број, додава Џули.

Перцепцијата за нашиот бренд е многу позитивна во Македонија и планираме експанзија во земјата. За следната година планирано е да се отворат од 8 до 10 нови маркети. Приоритетни градови ни се Гостивар, каде неодамна отвориме нов маркет, исто и Охрид, Штип, Битола и Скопје.  Околу 820 вработени има со вработувањата во последниот нов отворен маркет во Охрид во компанијата, додава Џули.

„Ramstore“, кој во Македонија почна да функционира на 11 јуни 2005 година, од неодамна е дел од „СИТИ ПЛАЗА“ Холдинг кој е присутен на македонскиот пазар 16 години.

Н.С.Ј/К.А.