Реализирана акција за подигнување несоодветно депониран кабаст и зелен отпад покрај магистралниот пат Охрид-Свети Наум.

Повторно слики од деградиран простор, слики кои претставуваат закана по здравјето и еко-системот и оставаат негативен впечаток, велат од ЈП Охридски Комуналец.

Екипите задолжени за подигнување несоодветно депониран отпад расчистија голем број мини депонии покрај магистралниот пат. Се интервенираше на многу локации со ангажирање на специјална механизација и подигнати се 24 м3 отпад, посочуваат.

OhridNews