Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Австрија, осма во шампионатот на Формула 1, откако беше најбрз во драматичните квалификации на патеката „Ред Бул Ринг“ во Шпилберг. Расел до најдобро стартно место стигна со време од 1:06.113, пред двајцата возачи на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон.
Квалификациите ги одбележа излетувањето на Макс Верстапен во самиот финиш Тој ќе стартува од петтото место, додека четврти е лидерот во шампионатот Кими Антонели.
Трката за Големата награда на Австрија се вози во недела, 28 јуни, со почеток во 15:00 часот по средноевропско време. Пред осмата трка во сезоната, Антонели е лидер во генералниот пласман со 156 бодови, пред Хамилтон со 115 и Расел со 106. Кај конструкторите води Мерцедес со 262 бодови, пред Ферари (190) и Мекларен (141).
OhridNews
Фото: Илустрација











