За поразот од Њукасл 3-2, Бенитез го обвинил капитенот Тери, а тој не останал рамнодушен и му вратил со иста мера. Годините наназад не било во пракса да се обвинува еден фудбалер за пораз, но тоа го направил шпанскиот стратег и погрешил бидејќи фудбалерите застанале на негова страна.
Сезонава европскиот првак бележи резултати под очекувањата. Одбраната на трофејот во ЛШ, “сините“ го завршија во групната фаза додека во Премиер лигата заостануваат 16 бодови од лидерот Мен Ју.