Национална Установа Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид распиша конкурс за учество на фестивалот „ОХРИДСКИ СТАРОГРАДСКИ СРЕДБИ“.
Сите заинтересирани ансамбли, хорови, групи и поединци што ги негуваат староградските фолклорни традиции можат да аплицираат, да достават пријава за учество на фестивалот на маил адресата од Центарот за култура: [email protected] / или по пошта на следнава адреса: НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, ул. “Македонски Просветители” бр. 4, 6000 Охрид, соопшти организаторот.
Фестивалот традиционално се одржува во првата половина од месец септември.
Г.М.











