И покрај минатонеделните најави од министерката Елизабета Канческа Милеска дека името на новиот директор ќе се објави деновиве, сепак таа одлучи да распише нов конкурс и да се бараат нови кандидати.
Со ова се потврдија шпекулациите дека ниту еден од претходно пријавените 12 кандидати не ги исполна бараните услови за извршување на оваа функција.
До изборот на новиот директор со националната установа останува да раководи ВД директорот Васил Зороски.
Како и на првиот распишан конкурс, освен високото образование и
познавањето на еден светски јазик, од кандидатите се бара да достават
своја програма за работа и развој на установата, како стратегија за
наредниот четиригодишен период( 2011- 2015).