По повод претстојните празници, од Дебарско-кичевската епархија информираат за богослужбите со кои ќе богослужи и проповеда Неговото Високопреосвештенство, митрополитот г. Георгиј.

На 12 јули на празникот посветен на Св. апостоли Петар и Павле – Петровден, Света архиерејска Литургија со почеток во 08:45 часот ќе се служи во храмот „Свети Петар и Павле“ во Кичево.
На 13 јули за Собор на 12-темина апостоли – Павловден, Света архиерејска Литургија со почеток во 08:45 часот ќе се служи во храмот „Света Софија“ во Охрид.
По повод празникот посветен на Св. бесребреници Козма и Дамјан на 14 јули, Света архиерејска Литургија со почеток во 08:45 часот ќе има во храмот „Св. Козма и Дамјан“ во с. Пештани.
На 15 јули – Положување на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна, Света архиерејска Литургија со почеток во 08:45 часот ќе има во манастирот „Пресвета Богородица“ – Заум.
OhridNews









