Од локалната самоуправа информираат за термините и распоредот на собирите со граѓани што ќе се одржат во текот на месец февруари. Првиот собир е закажан на 05.02.2018 година со почеток во 18,00 часот, во зградата на општина Охрид сала 1, за жители на урбана заедница 1“ Стар Град“. Истиот ден со почеток во 19.30 часот ќе се одржи Собир на граѓани за жители на урбана заедница 2 “Центар“.

На 06.02.2018 година со почеток во 18,00 часот, во просторија во зградата на ОУ „Св.Климент Охридски“-Даљан собир на граѓани за жители на урбана заедница 4 “Воска“. Истиот ден со почеток во 19,30 часот, во зградата на општина Охрид сала 1 за жители на урбана заедница 3 “Кошишта“.

На 08.02.2018 година со почеток во 18 часот, во зградата на општина Охрид сала 1 е закажан терминот за жители на урбана заедница 5 “Лескајца“, а во 19.30 часот, во зградата на општина Охрид сала 1 за жители на урбана заедница 7 “7 Ноември“.

Собир на граѓани на 09.02.2018 година со почеток во 18 часот, во зградата на општина Охрид сала 1 за жители на урбана заедница 9 “8-ми Септември“, а во 19.30 часот, во зградата на општина Охрид сала 1 за жители на урбана заедница 13 “Железничка“. На 12.02.2018 година со почеток во 18 часот, во зградата на општина Охрид сала 1 за жители на урбана заедница 6 “Даме Груев“, истиот ден со почеток во 19.30 часот, во просторија во зградата на ОУ“ Христо Узунов“ за жители на урбана заедница 10 “ Горна Влашка Маала“.

Собир на граѓани на 13.02.2018 година со почеток во 18 часот, во зградата на оу “Христо Узунов “ за жители на урбана заедница 12 “Гоце Делчев“ и жители на месна заедница Рамне. Собир на граѓани на 13.02.2018 година со почеток во 19.30 часот, во зградата на домот на УЗ “Радојца Новичиќ“ на ул.“Радојца Новичиќ“ за жители на урбана заедница 14 “ Радојца Новичиќ.

Собир на граѓани ќе се одржи и на 16.02.2018 година со почеток во 18 часот, во зградата ОУ “Христо Узунов“ за жители на урбана заедница 11 “Видобишта“, а во 19.30 часот, во зградата на општина Охрид сала 1 за жители на урбана заедница 15 “ 15 Корпус“.

Собир на граѓани ќе се одржи на 19.02.2018 година со почеток во 18 часот, во зградата на ОУ “Григор Прличев“ во Рача, за жители на урбана заедница 16 “Рача“ и жители на месна заедница Велестово с. Велестово. Последниот закажан собир на граѓани ќе се одржи на 19.02.2018 година со почеток во 19.30 часот, во зградата на општина Охрид сала 1 за жители на урбана заедница 8 “Билјанини Извори.

OhridNews