Од локалната самоуправа информираат дека на јавен увид и јавна расправа, ставен е Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животна средина  за УПВНМ Лагадин-Пештани блок 3 и дел од блок 4, КО Пештани,  Општина Охрид.

Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во соба бр.  56   Сектор за урбанизам и заштита на животната средина , во Општина Охрид секој работен ден  од 8  – 16 часот    почнувајќи  од денес, 1- ви април, до 30- ти април. 

Јавната расправа ќе се одржи на ден 19.04.2013 год.  во малата сала на Општина Охрид,со почеток во 11 часот.

Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација. Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење,забелешки и предлози  по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина. Истите можат да ги испраќаат на e-mail : [email protected] , или по пошта на следната адреса: Општина Охрид , ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.

OhridNews