Распродадени концерти и овации на турнејата на Владимир Четкар во Америка. Во рамки на оваа есенска турнеја која Четкар ја започна на 6-ти ноември во Чикаго, останати се уште само две дестинации, информираат од тимот на музичарот.

На 30 ноември, Четкар ќе настапи во Black Cat Jazz Club, најпознатиот џез клуб во Сан Франциско, a на 9 декември во Вест Палм Бич, Флорида во прочуениот Нортон Музеј на Уметноста. Владимир Четкар во рамки на турнејата досега настапи во Чикаго, Детроит, Кливленд и Њујорк каде концертот беше распродаден неколку дена однапред, додаваат од тимот.

Во продолжение фотографии од атмосферата на овие концерти каде Четкар се претставува како композитор, аранжер, изведувач (гитарист и вокалист) и бендлидер.

OhridNews