Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, пораснало за 4,9%.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, бележи опаѓање од 9,9%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 12,8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 33,1%.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2%, Капитални производи за 70,6%, Трајни производи за широка потрошувачка за 36,0% и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,4% додека опаѓање бележи кај Енергија за 26,9%.

Индустриското производство во периодот јануари–јуни 2014 година, во однос на периодот јануари–јуни 2013 година, забележува раст од 4,5%.

OhridNews