Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, во Република Македонија, во 2017 година, бројот на дипломирани студенти на додипломски студии на високите стручни школи и факултетите, во споредба со 2016 година, е зголемен за 3.6 %.

Од вкупниот број дипломирани студенти, 82.1 % се редовни, а 17.9 % се вонредни студенти.

Процентот на дипломирани студентки изнесува 57.5 %.

Од вкупниот број студенти, 38.6 % дипломирале во рок, додека 61.4 % дипломирале по рокот.

OhridNews