Сончевото и топло време изминатите денови придонесе за пораст на температурата на водата во Охридското Езеро. Според утринските мерења, таа изнесува 19 степени Целзиусови и речиси е до јунскиот просек од 19,8 степени.

До крајот на денот ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 30 степени.

Во четврток ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.  Максималната температура ќе достигне до 31 степен, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 9.

OhridNews