Општината во буџетот за 2010 година предвидува 20 милиони денари за Програмата за поттикнување на развојот на туризмот. Општината смета дека издвоените средства ќе овозможат поголем туристички развој во 2010 година, а се најавува и поагресивна рекламна кампања. Средствата предвидени како приход за оваа Програма, се средствата собрани  од туристичаката такса.

Програмата за поттикнување на развојот на туризмот, како што информираат од локалната самоуправа,  е насочена кон активности во различни подрачја на делување, а со цел создавање на соодветни услови за искористување на конкурентните предности и дефинирање на туристичката понуда и производи идентификувани со Стратегијата за развој на туризмот на Општина Охрид и усвоените приоритети:

1. Дефинирање на туристичкиот производ и понуда и нивна промоција и презентација,
2. Подобрување на квалитетот на постојната и изградба на нова инфраструктура,
3. Брендирање на Охрид како туристичка дестинација,
4. Институционално јакнење и развој на човечки ресурси,

Програмата за поттикнување на развојот на туризмот за 2010 година, која ќе ја спроведува Секторот за туризам и локален економски развој, предвидено е да се реализира преку следните активности:

1 Управување со туризмот (Евиденција, регистрација и категоризација, стандардизација) и управување со туризмот во
подрачја заштитени од УНЕСКО.
2 Промоција на туризмот, организирање на настапи и присуство на саеми
3 Изготвување на печатен и електронски, промотивен материјал за одделни сегменти на туристичката понуда
4 Подготовка на проекти и проектно управување, средства за сопствено учество во имплеметација на проекти
5 Имплементација на “Стратегијата за одржлив развој на туризмот во Охрид“
6 Развој на информативен систем, за евиденција на туристи

Буџетот на општина Охрид за 2010 година тежи 688 милиони денари.

Ohridnews