Во периодот од 17 до 19 мај 2026 година, во Златибор, Србија, се одржа Конференцијата за образование на Суперучилишта, организирана од RYCO, на која учество зеде координаторот на проектот од училиштето РЦСОО „Ванчо Питошески“, психологот Даница Скрческа.
Во период од 14–19 мај, во рамки на младинскиот камп за Суперучилишта, нашето училиште го претставуваше ученичката Габриела Ѓореска, која имаше можност да стекне нови знаења, искуства и пријателства преку дружење и соработка со млади од регионот. Конференцијата и младинскиот камп овозможија размена на идеи, искуства и добри практики, со посебен акцент на младинската соработка, образованието и меѓукултурното поврзување, велат од училиштето.

Горди сме што нашето училиште е дел од проектите кои го поттикнуваат младинскиот активизам, регионалната соработка и создавањето нови можности за младите, додаваат.
OhridNews














