Европскиот првак Баерн Минхен со една нога е во четвртфиналето во Лигата на Шампиони, победувајќи го Лацио со 4-1, на Олимпико во Рим, во првиот осминафинален натпревар. „Баварците“ во првите 45 минути постигнаа три погодоци и го најавија триумфот, кој широко им ги отвори вратите од четвртфиналето.

Сите играчи ги исполнија задачите, а ние како клуб ја исполнивме мисијата. Тактичка цел беше да ги ставиме под притисок од почеток на натпреварот и да не дозволиме да се разиграат. Многу лесно ја освојувавме топката и токму после такви ситуации ги постигнавме головите. Среќен сум поради екипата, која максимално одговори на предизвикот во Италија. – рече тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик.

Не бевме на нивото на стартот од натпреварот. Правевме многу грешки, а на вакво ниво и против Баерн Минхен, едноставно не смееш да ги правиш. Не сме среќни за нашето издание, но сепак, среќни сме што играме во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони. – изјави предводникот на Лацио, Симоне Инзаги.

Фудбалерите на Челси направија голем чекор напред кон 1/4 финалето во ЛШ, совладувајќи го Атлетико Мадрид со 1-0. Лидерот во шпанската Ла лига не беше на висина од задачата, а „сините“ со голот на Оливие Жиру славеа со минимален резултат.

Во лоша ситуацијата сме, не само проади овој пораз, туку генерална веќе некое време. Резултати не се на нашето ниво и загрижени сме. Мораме брзо да се отрезниме и консолидираме. Јас верувам во момците и така ќе биде се додека тренираме напорно. – изјави аргентинскиот стратег на клупата од Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.

Реванш натпреварите во осминафиналето се играат на на 17 март.

OhridNews

 

ЛШ: Баерн Минхен пресилен за Лацио, Жиру со ножички го матираше Атлетико Мадрид (видео)