Високото признание што му е доделено на “Ohridnews” за придонесот во јакнењето на граѓанското општество, е признание за професионалниот и одговорен однос на медиумот и неговата Редакција. И истовремено за афирмирање на темелните стандарди на новинарството: брзо, точно, проверено, се вели во честитката на локалната самоуправа, по повод Признанието што МИМ, Институстот за трајни заедници и USAID, му го доделија на интернет порталот “www.ohridnews.com“за придонес во зајакнувањето и промовирањето на граѓанското општество за 2009 година.

 – Како ретко кој медиум во поширокиот регион, а можеби и на ниво на Македонија, доследно се спротивставувате на се позачестениот наплив на тривијални афери и интереси на неформални лоби групи. Признанието што ви е доделено истовремено е поттик и рецепт за останатите медиуми за негување на вистинските вредности во локалната заедница и воопшто во општеството преку информирањето и медиумите, се вели во честитката на градоначалникот Александар Петрески и на портпаролот на општина Охрид, Никола Маневски.

Кон честитките се придружија и други институции, читатели, граѓани:

– Искрено, Ви честитаме за заслуженото високо признание и Ве охрабруваме да продолжите со професионалната работа за навремено и точно информирање на јавноста,
се вели во честитката на Црвен крст Охрид.

–  Оваа награда е дотолку поголема што, Ohridnews, Признанието го добива во избор на сто граѓански здруженија од Република Македонија. Значајното признание е уште една потврда за докажаната професионалнот и отвореност на Ohridnews, темелени на основните принципи за објективност и непристрасност во информирањето но и врз почитувањето на вистинските вредности на нашето општество, стои во честитката портпаролот на  СВР Охрид, Стефан Димоски.

Ohridnews