
Според координативното тело, таквата реакција на Димитриески е несватлива, дотолку повеќе што тој се претставува како екологист и борец за заштита на рибниот фонд.
-Несериозно е да се бара во време на сезона на мрест на пастрмка и строга забрана за улов на риба, да се прави рибна чорба од овој вид. Каква ли само порака праќа на охриѓани, човекот кој е повикан да се бори за зачувување на рибниот фонд. Организаторот на манифестацијата, почитувајќи ги законските одредби и непишаните правила за заштита на Охридската пастрмка, никогаш нема да дозволи било каква малверзација и злоупотреба со овој наш ендемичен вид. – се вели во реакцијата на Координативното тело за организација на Богојавление – Водици.
OhridNews











