По повод честитиките на пратениците Грозданов и Николоски до градскиот совет со реакција се јавија од кабинетот на охридскиот градоначалник. Во реакцијата се вели :
“Без оглед на партиските определби и желби за собирање политички поени кај граѓаните од страна на било кој политички субјект или поединец со партиска провиниенција, па макар и пратеник, недопустиво е и во најмала рака невкусно, одлуката на Советот на општината за подигање споменик на Свети Наум Охридски, да се употребува за дневно-политички маркетинг.
Кабинетот на градоначалникот Александар Петрески, смета за потребно да реагира навремено на таквите обиди чиј сведок е јаноста со божемната јавна благодарност до Советот од страна на пратениците Грозданов и Николоски.Никој, па ни спомнатите охридски пратеници, нема право да „авторизира“ за себе идеја стара деценија и половина, поточно уште од 1992 година. Токму на потребата од плебисцитарен, а не партиски однос кон подигањето на споменикот на Свети Наум Охридски, укажа градоначалникот Петрески на последната седница на Советот.
Во тој контекст, непримерно е двајцата пратеници да ја дезинформираат јавноста со божемната благодарност до нивната Влада и Министерството за култура бидејки носител на сите активности сврзани со споменикот е Одборот формиран од Советот на општината а не Министерството за култура и Владата. Згора на тоа, и во одлуката за подигање на споменикот донесена од Советот на општината стои дека средствата ќе се обезбедат во најголем дел од спонзори и донатори.
Оттука, доколку навистина се сметаат за заслужни и повикани да благодарат некому за нешто, пратениците Цветко Грозданов и Александар Николоски нека го потврдат својот авторитет и вистински ја искажат подготвеноста за реализација на зафатот преку наоѓање средства и спонзори, а не со соопштенија на нивната партија“ – стои во реакцијата.
Денеска, 27 септември, се одбележува Светскиот ден на туризмот – сектор кој поврзува култури, создава работни места и претставува значаен двигател на локалниот и економскиот развој За Македонија, а...
По повод празникот посветен на великомаченичките Св Софија, Љубов, Вера и Надеж на 30 септември, среда, во истоимената црквичка во населбата Лагадин крај Охрид, ќе се одржи традиционалниот црковно ...
Денеска ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец Максималната температура во Охрид ќе достигне 20 степени Следува период на променливо обл...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.