“Црвените ѓаволи“ од 2004 година наваму беа неприкосновени на врвот најбогати спортски колективи според Форбс. Кралскиот клуб со вредност од 3,165 милијарди долари го претекна Манчестер Јунајтед, кој е на втората позиција.
Барселона со 2,66 милијарди долари се наоѓа на третата позиција додека по неа следуваат Арсенал, Баерн Минхен, Милан, Челси, Јувентус, Манчестер Сити.
И другите параметри одат во прилог на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Најпродавани се дресовите од “лос бланкос“ додека “ѓаволите“ сеуште имаат најмногу навивачи во светот.